Свет

Велика Британија: „Нестле“ и „Арла“ донираа над 1 милион оброци

22 May 2024

 Компаниите „Нестле“ и „Арла“  преку организацијата „Фаре шер“ донираа 1,25 милиони оброци за семејствата во Велика Британија.

Во „Арла фудс“ веруваме дека секој има право да се храни добро и се залагаме да обезбедиме природни, хранливи млечни производи, направени на најдобар можен начин. Знаеме и дека сè уште има семејства кои немаат пристап до хранливи појадок, а тоа може да влијае на здравјето и развојот. Се надеваме дека преку ова партнерство со „Нестле“ и „Фаре шер“ ќе можеме да помогнеме во снабдувањето со млеко на оние на кои им е најпотребно, изјави Џонатан Диксон, потпретседател за продажба во „Арла фудс“.

Со здружување на силите, „Арла“ и „Нестлe“ им даваат одличен пример на другите во индустријата за тоа како соработката може да помогне да се зголеми позитивното влијание врз животната средина и општеството, изјави Сајмон Милард, директор за храна во „Фаре шер“.

Ова партнертство се заснова на долгогодишни односи меѓу двата производители на храна и оваа организација. Имено, од 2005 година „Арла“ донирала 10 милиони оброци преку оваа организација, додека „Нестле“ во овој период донирала повеќе од шест милиони оброци.

 

 

 

 

 

Извор: Grocery Gazette

Фото: „Нестле“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...