Свет

ЕУ: Забавува растот на цената на кафето

13 мај 2024

Според податоците на „Еуростат“, годишната стапка на промена на потрошувачките цени на кафето во ЕУ во март годинава била еден отсто во споредба со 13,5 отсто во март минатата година, со што се приближува на нивото од јули 2021 година.

 Стапката на инфлација кај кафето е во пад од октомври 2022 година, кога била највисока (17,4 отсто), после брзиот пораст кој започнал во октомври 2021 година.

 Иако растот на цените на кафето во ЕУ генерално забавува, сепак постојат различни нивоа кај земјите членки.

 Во 15 земји членки на ЕУ стапката на инфлација кога е во прашање кафето била повисока во март 2024, отколку во март 2023 година. Најголемата позитивна стапка на инфлација била регистрирана во Хрватска (7,4 отсто), Романија (6,8 отсто) и во Бугарија (6,6 отсто).

 Во останатите земји членки на ЕУ во март годинава бил забележан пад на инфлацијата кај кафето. Најголемите негативни стапки на инфлација биле забележани во Финска (15,5 отсто) и во Литванија (15,4 отсто). Потоа следуваат Данска (7,5 отсо), Чешка (6,5 отсто) и Шведска (шест отсто).

 Извор: biznis.rs

Фото: Pexels

 

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...