Свет

Унгарија: „Мол“ ги објави остварените резултати за изминатата година

19 Feb 2024

Во неделата, групацијата „Мол“ ги објави своите финансиски резултати за изминатата година, како и податоците за четвртиот квартал истата година.

Добивката на компанијата во 2023 година, пред оданочувањето, поради геополитичките тензии, предизвиците во индустријата, макро окружувањето, непредвидливите даночни политики и владините одлуки, паднала за 36% во однос на 2022, година, односно на 1,936 милијарди долари.

 Поради тешките надворешни околности, нашата добивка, пред одданочувањето, во 2023 година е намалена. Тоа не е изненадување, затоа што се ближиме на крајот на година со геополитички, макроекономски и индустриски тензии, во кои регулаторното и даночното окружување продолжува да врши дополнителен притисок врз нас. И покрај овие предизвици, имавме добра година и интерен учинок, подобар од очекуваниот. Сето тоа е благодарејќи на исклучителната оперативна и потрошувачка ефикасост на „Мол“ и внимателната инвестициона политика, која успеа да ги неутрализира надворешните влијанија. Продолжуваме на нашиот пат на мудра транзиција, истовремено придонесувајќи во одржливоста и конкурентноста. Покрај ветувачките проекти со ниски емисии на јаглерод и зелени инвестции, ние активно ја развиваме индустриската култура на нашиот регион и го засилуваме енергетскиот суверенитет на централна и источна Европа, изјавил Золт Хернади, претседател и извршен директор на „Мол“ групацијата.

Извор: Instore.hr

Фото: „Мол“ групација



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...