Свет

Германија: „Кауфланд“ воведе вреќички за леб за повеќекратна употреба

12 Feb 2024

„Кауфланд“ ги претстави вреќичките за леб и кифли, кои ќе можат да се употребуваат повеќекратно во сите пекарници во продавниците на компанијата низ земјата.

Вреќичките имаат „прозорче“, кое ќе им олесни на касата да можат да го препознат артиклот, соопштуваат од компанијата и додаваат дека вреќичките ќе моќат да се купат, да се однесат дома, да се исперат и од ново да се користат.

Многу ни е ваќна долгорочната одржливост на асортиманите од нашите производи. Поради тоа констатнто ги оптимизираме постоечките производи и посакуваме да ги интегрираме решенијата за повеќекратна употреба во нашите продавници во се, изјавила Џулија Херман, директорка за продажба во „Кауфланд“.

Со лансирањето на вреќичките за повеќекратна употреба, „Кауфланд“ го дополнува својот асортиман со практични решенија за повеќекратна употреба, соопштуваат од компанијата.

Во 2019 година, компанијата вовела вреќички за повеќекратна употреба во одделите за овошје и зеленчук.

Минатата година компанијата им овозможи на купувачите да ги пакуваат јајцата во кутии за повеќекратна употреба, додека за некои производи како крем сирењето, на купувачите им се достапни во маркетите пакувања за повеќекратна употреба наместо пластични.

 

 

Извор: esmmagazine

Фото: „Кауфланд“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...