Топлотниот бран низ Европа наскоро би можел да ја зголеми цената на маслиновото масло, пишува „Си-ен-ен“.
Екстремните горештини на кои е изложен јужниот дел на Европа од април го прават данокот на маслиновите дрвја. Втора година по ред родот ќе биде помал од очекуваниот бидејќи дрвјата за да се заштитат од суша и жештина порано ги испуштаат плодовите.
Шпанија, најголемиот светски производител на маслиново масло, е меѓу најпогодените региони од глобалното затоплување. Температурите во април веќе достигнаа 40 степени Целзиусови, а од високите горештини страдаат и маслинови насади во Италија и Грција.
Експертите за одгледување маслинки стравуваат дека ќе има намалување на приносот за 30 отсто во однос на петгодишниот просек.
Според Банката на федерални резерви на Св. Луис, цената на маслиновото масло во јули беше 8.599 долари за метрички тон (7.800 долари за тон), што е големо зголемување од минатото лето кога цените беа половина од тоа. Втората највисока цена забележана од банката беше кон крајот на 1996 година, со повеќе од 6.240 долари за метрички тон (5.660 долари по тон).
Меѓутоа, Меѓународниот совет на маслинари не прогласи криза и сега работи на стратегии за полесно одгледување на маслинки во топли и суви услови.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.