Производството на вино во Европската Унија оваа година веројатно ќе биде за шест отсто помало, процени Европската комисија, наведувајќи дека неповолните временски услови го оштетиле родот во Италија и Шпанија.
Според проценките на ЕК, оваа година ЕУ треба да произведе приближно 150 милиони хектолитри вино, пренесува Seebiz. Податоците покажуваат дека падот на производството во Италија е 12 отсто, а во Шпанија 14 отсто.
Поради екстремни временски услови и габични заболувања, годинава опустошија лозовите насади во Италија, што ќе го загуби статусот на најголем светски производител на вино, а Франција по осум години ќе се врати на самиот врв, процениле во Брисел.
Европската комисија предвидува дека Франција оваа година ќе произведе 45 милиони хектолитри вино, за еден отсто повеќе од лани.
Закрепнување на производството се очекува и во Германија, со проценета стапка на раст од 16 проценти, благодарение на наводнувањето. Речиси иста стапка на раст бележи и Португалија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.