Свет

Германија: Потрошувачите сакаат да знаат кога им се нуди помалку во истото пакување

28 Sep 2023
Повеќето од потрошувачите во Германија сакаат кога има предупредувачки ознаки на пакувањата, во кои е сменето количеството.
 
Германската организација за потрошувачи „Стифтунг Варентест“ неодамна предупреди на скриени зголемувања на цените. Во речиси идентично пакување, на кое се навикнати потрошувачите, се пакува помало количество производи и често се продава по иста цена.
 
Во истражувањето 77 отсто од испитаниците изјавиле дека продавниците треба да објавуваат предупредувања. 13 отсто сметаат дека се против, а 10 отсто не одговориле.
 
Од испитаниците кои сметаат дека треба да има предупредувачки ознаки, 87% се постари од 55 години.
 
За потсетување, францускиот синџир супермаркети „Карфур“ неодамна објави дека ќе стави налепници на прехранбените производи со текст: „Тежината на овој производ е намалена, а цената на нашиот доставувач е зголемена“.
 
„Карфур“ планира да стави налепници на пакувањата со кафе, чипс, мајонез и ладен чај.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...