По повод Ноќта на вештерките (31 октомври), „Кока-Кола“ претстави Fanta со црна боја на северноамериканскиот пазар.
Новата Fanta е дел од пошироката кампања на брендот „What The Fanta?“, која беше лансирана минатата година. Во рамките на кампањата „Кока-Кола“ лансира неколку нови пијалаци Fanta, чии вкусови потрошувачите мораа самите да ги откријат. Освен што е најавено дека новата Fanta ќе биде без шеќер и ќе ги обојува јазиците на консументите во црно, не се откриваат други информации за вкусот на пијалакот.
Потрошувачите сакаат игри со погодување, особено за време на Ноќта на вештерките, затоа што мистеријата и привлечноста на непознатото играат клучна улога во прославувањето на овој празник. Со оглед на тоа што Fanta има долгогодишна врска со овој празник, а, од друга страна, нејзин препознатлив знак е лансирањето широк спектар на смели и неодоливи вкусови, видовме можност да направиме нешто иновативно и ново. Брендот е веќе познат по една од двете основни бои на овој празник, портокаловата, па помисливме зошто целосно да не ги искористиме боите на Ноќта на вештерките и да лансираме црн пијалак?, изјави Дејн Калис, сениор бренд-менаџер за Fanta во Северна Америка.
За кампањата, брендот се здружи со дизајнерката и креаторка на содржини на социјалните мрежи Нава Роуз, која создаде единствен костим за Ноќта на вештерките инспириран од вкусот и естетиката на сокот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.