„Теско“ планира да инвестира 80 милиони евра во отворање на осум нови продавници годинава, како и во реновирање на 50 постоечки продавници.
Веста доаѓа пред отворањето на 167-та продавница на трговецот во Ирска на 7 септември, во Јужен Даблин.
Трговецот планира да отвори уште три продавници на „Теско експрес“ во Даблин до крајот на годината, како и пет други продавници во Корк и Ватерфорд.
Новите продавници ќе отворат над 100 работни места.
Имаме амбициозна стратегија за развој на бизнисот и сме многу возбудени што ќе го прошириме нашиот модел „Теско експрес“. Како и секогаш, остануваме посветени да им го обезбедиме најдоброто можно искуство за купување на нашите потрошувачи, рече Џеф Бирн, оперативен директор за „Теско“ - Ирска.
„Теско“ во моментов работи со околу 166 продавници низ Ирска, вработувајќи над 13.000 луѓе.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.