Се очекува Индија да го забрани извозот на шеќер, почнувајќи од октомври. Испораките ќе бидат стопирани првпат во седум години, затоа што сушата ги намали приносите на шеќерна трска.
Примарен фокус на државата е да ги исполни локалните барања за шеќер и да произведе етанол од вишокот шеќерна трска.
Индија им дозволи на млиновите да извезат само 6,1 милион тони шеќер во тековната сезона која трае до 30 септември, по што им дозволи да продадат рекордни 11,1 милион тони во минатата сезона.
Производството на шеќер во Индија би можело да падне за 3,3 отсто, на 31,7 милиони тони во сезоната 2023/2024.
Отсуството на Индија од светскиот пазар веројатно ќе ги зголеми цените на шеќерот во Њујорк и во Лондон, што веќе достигнаа повеќегодишем максимум. Неодамна, државата исто така го забрани извозот на белиот ориз кој не е од сортата „басамати“, која сочинува 25 отсто од вкупниот индиски извоз на ориз.
Извор: esmmagazine
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.