Свет

Шпанија: Цената на маслиновото масло порасна за 115 отсто

23 Aug 2023

Шпанските власти предупредија на раст на цените на маслиновото масло, кои овој производ би можеле да го претворат во луксуз. 

Секторот се соочува со зголемена загриженост во поглед на достапноста во наредните месеци, по тешката суша со која Шпанија се соочува од минатото лето. 

Маслиновото масло од Андалузија скокна на 8,20 евра за литар минатата недела, што е највисока цена забележана било кога за шпанското маслиново масло - тоа е заголемување за 115 отсто во споредба со претходната година. 

Цените на мслиновото масло на полиците во повеќето шпански супермаркети веќе пораснаа на 8,50 евра за литар, што го прави речиси недостапно за домаќинствата од средна класа. Се очекува до есен цената да достигне 10 евра за шише. 

Извештајот на владата откри и недостаток на залихи. Во 2022-2023 производството на маслиново масло во Шпанија се преполови на 675.000 тони, што е пад од 54,7 отсто во однос на годината претходно, со што моменталниот обем на производство е најлош досега, во овој век, пишуваат шпанските медиуми. 

Извор: Kamatica



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...