Свет

„Кока-Кола“ лансира автомати Sprite

08 Aug 2023

Компанијата „Кока-Кола“ лансира автомат Sprite кој им нуди ладни сокови на минувачите на станицата King's Cross, најфреквентната во Лондон.

Кампањата наречена „Hat Happens“ е наменета, пред сè, за генерацијата Z, но и за сите оние што користат јавен превоз, порачувајќи им да се „оладат“, и физички и метафорички.

Од компанијата наведуваат дека планот е во текот на летото овие машини да бидат лансирани низ цела Европа.

Да потсетиме дека минатата година компанијата најави дека во наредниот период постепено ќе ги укинува зелените шишиња за Sprite по повеќе од 60 години користење на овие шишиња.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...