Познатиот француска компанија за природна козметика „Ив Рошер“, (која го поседува истоимениот бренд Yves Rosher) ја објави веста за затворање на продавницата во Штутгарт, каде што се наоѓа седиштето на трговскиот синџир за Германија, пренесува магазинот „Феникс“.
„Ив Рошер“ ќе продолжи со онлајн продажба, но со затворањето на продавниците, погодени се стотици вработени.
Со постоечкиот бизнис модел „Ив Рошер“ повеќе не може да работи одржливо и успешно. Продавниците ќе бидат постепено затворени во наредните месеци, соопштија од централата за продажба за германското говорно подрачје во Штутгарт-Вајхинген.
Според претходните информации, компанијата има околу 140 подружници во земјите од германското говорно подрачје. Затворањето на филијалата ќе погоди 350 вработени, се наведува во соопштението на синџирот.
Компанијата беше основана во 1965 година во Ла Гацилија од францускиот визионер Ив Рошер.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.