Во јули треба да излезе новиот филм на популарниот бренд кукли Barbie. За таа цел, беше лансирана розева лимонада, која визуелно целосно соодествува со имиџот на брендот.
Розовата лимонада на Barbie е создадена во соработка со компанијата за пијалаци „Свон“. Амбалажата на лименката има впечатлива и топла розова нијанса, со тоа што логото на брендот се наоѓа во рамки на бело поле на чие дно има илустрација на лимони и јагоди.
Розовата лимонада на Barbie ќе се продава онлајн и во неколку избрани маркети на американскиот пазар. Притоа, 10 отсто од вкупните нето приходи ќе одат за проектот “Барби дрим гап“ кој има за цел да обезбеди ресурси, наставна програма и развој на вештини за девојчиња помеѓу пет и десет години ширум светот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.