Свет

„Карлсберг“ инвестира 40 милиони евра во работењето во Украина

22 Jun 2023

Данската пиварница „Карлсберг“ претстави нова производна линија во својата фабрика во Киев, која за 80 отсто ќе го зголеми капацитетот на производство на конзервирани производи

Новата производствена линија е дел од пошироката инвестиција на компанијата во вредност од 40 милиони евра во работењето во Украина. 

Од компанијата соопштија дека оваа инвестиција е една од најголемите направени од странски компании во Украина во 2023 година. 

Оваа нова производствена линија има симболично значење кое ја надминува индустријата за пијалаци во Украина. Тоа е знак дека важен глобален играч и лидер во својата индустрија, верува во Украина и е подготвен да инвестира во неа, изјави данскиот амбасадор во Украина.  

„Карлсберг“ почна да работи во Украина во 1996 година и од тогаш е еден од најголемите меѓународни инвеститори во секторот стока за широка потрошувачка. Низ годините, „Карлсберг“ вложи преку милијарда евра во земјата.  

Извор: esmmagazine
Фото: Carlsberg



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...