Компанијата „Монделез интернешнл“ го објави својот „Snacking Made Right” („Правилно подготвена ужинка“) извештај за 2022 година кој го покажува напредокот на компанијата во исполнување на приоритетите од областите животна средина, општествена одговорност и корпоративно управување и придонесува кон остварување на мисијата на компанијата да ја предводи иднината на грицките.
Како што се наведува во соопштението, овогодинешниот „Snacking Made Right“ извештај го илустрира напредокот на компанијата во остварување на целите за 2025 година, меѓу кои се: снабдување со одржливо одгледани состојки, унапредување на амбалажата, напредок во реализација на иницијативите насочени кон поттикнување на различностите, еднаквост и инклузија, како и поддршка на купувачите, колегите и заедницата.
Како одговорна и брзорастечка глобална компанија во индистријата за грицки, приоритет даваме на клучни области за да можеме да обезбедиме иновативен и одржлив развој за луѓето и за планетата. Горди сме на тоа што во време на значајни промени и предизвици, нашата компанија напредува кон достигнување на својата визија и пто покажуваме јасна посветеност да ја предводиме иднината на грицките (грицкањето), соопштија од компанијата.
Во текот на 2022 „Монделез интернешнл“ направи значителен напредок во остварување на своите цели за 2025, што вклучуваат:
• Акцент на одржлив начин на набавка на клучните состојки кои се користат во производството, намалување на влијанието врз климата, почитување на човековите права и поголема употреба на амбалажа што може да се рециклира;
• Развој на таленти и напредок во сегментот на различности, еднаквост и инклузија;
• Развој на асортиман производи во намера да се одговори на барањата на потрошувачите кога станува збор за новниот избор на исхрана, во исто време промовирајќи контрола, свесен избор на порција и активен животен стил;
Лани, компанијата продолжи низ својата Cocoa Life програма во која се вклучени повеќе од 230 фармери да придонесува кон одржливо одгледување какао. Најавена е следната фаза од програмата која подразбира поддршка од дополнителни 600 милиони долари до 2030 година, во вкупната цофра од една милијарда долари инвестиции од почетокот на оваа програма, во намера да се зголеми одгледувањето какао и да се опфати цифра од 300.000 фармери опфатени со програмата до 2030 година.
Долгорочен фокус е остварување на уште една цел до 2050 - да се достигне нулта емисија на јаглерод диоксид и амбалажен отпад со што ѝ се дава поддршка на циркуларната економија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.