Свет

Трговците со храна бележат големо намалување на маржите

30 May 2023

Новиот извештај на „Мекинзи“ и „Еурокомерц“ покажува дека поради инфлацијата, намалената волуменска продажба и зголемениот број на ценовно чувствителни потрошувачи, европските трговци на храна забележаа најголем пад на маржите во последните пет години.

Од 2019 до 2022 година просечната маржа на европските трговци се намали за три процентни поени. Маржата ЕБИТДА се намали за еден процентен поен, додека ЕБИТ забележа стагнација. Приспособен на инфлацијата, прометот се намали за 7,1 отсто, поради одлуката на потрошувачите да купуваат поевтини производи.

Аналитичарите очекуваат дека однесувањето на потрошувачите во 2023 година ќе продолжи со внимателниот пристап поради ударните ефекти од економската несигурност. Волуменот на малопродажбата најверојатно ќе остане рамномерен до крајот на 2023 година поради тешката економска клима. Повеќе од 53 отсто од потрошувачите планираат да заштедат повеќе пари за храна.

Низ Европа овој тренд доведе до значителен пораст на приватните марки. Во споредба со 2021 година, вредноста на уделот на трговските марки е зголемен за 1,9 процентни поени. Сепак, само 0,8 процентни поени од ова зголемување може да се објаснат со намалувањето на фреквенцијата на купување. Преостанатиот дел се должи на зголемувањето на цените на приватните трговски марки (за 0,8 процентни поени) и на натпросечниот пораст на дисконтниот канал. Чистите онлајн-играчи имаа побрз подем по инфлацијата во 2022 година, а некои од нив забележаа и профитабилност.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...