Свет

„Арла“ развива нов метод за рециклирање

15 May 2023

Млечната компанија „Арла“ од Данска се здружи со германската компанија за пакување „Зидпак“, со цел да развие нов метод за рециклирање на пластичен отпад.

Во една од млекарниците во Данска, каде што „Арла“ произведува моцарела, досега се користело специјално дизајнирана пластична обвивка за созревање на сирењето во тек на две недели, по што фолијата се испраќала на согорување. За да се избегне спалувањето на пластиката, компанијата сега спроведува тест во соработка со „Зидпак“. Со помош на процесот пиролиза, пластичниот отпад, кој на годишно ниво достигнува до 80 тони, ќе се трансформира во нова амбалажа.

Процесот пиролиза е претворање на пластичниот отпад во масло, преку изложување на пластиката на многу високи температури во контролирана средина.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...