Свет

Калифорнија забранува употреба на Е - 171?

09 May 2023

Калифорнија наскоро би можела со закон да ја забрани употребата на титаниум диоксид, главната состојка што се користи за да се постигне светла бела боја во храната.

Со овој потег Калифорнија ќе стане првата сојузна држава што ќе забрани продажба и производство на храна што содржи титаниум диоксид, иако оваа материја сепак ќе остане призната како безбедна од американската Агенција за храна и лекови.

Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) во јануари минатата година официјално ја забрани употребата на титаниум диоксид (Е-171) како додаток во храната на пазарот на ЕУ.

Освен што се користи во производството на храна, титаниум диоксидот се користи и во производи за нега на кожа (кремови за сонце), бидејќи функционира како филтер за ултравиолетовата светлина.

Истражувањата покажуваат дека повеќе од 1.800 брендирани прехранбени производи во САД имаат титаниум диоксид наведен на декларацијата за состојките.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...