Свет

Италија планира да го забрани месото произведено во лабораторија

31 Mar 2023

Италијанската влада го одобри нацрт - законот со кој се забранува употреба на лабораториски произведена храна и добиточна храна.

Забраната има за цел да го заштити земјоделско-прехранбениот производствен комплекс и гастрономското наследство, изјави италијанскиот министер за земјоделство, Франческо Лолобриџида.

Доколку овој предлог-закон „помине“ во парламентот, на италијанската прехранбена индустрија нема да ѝ биде дозволено да произведува храна или добиточна храна „од клеточни култури или ткива добиени од ‘рбетници“. Казната за прекршувањето на овие правила е до 60.000 евра.

Националистичката влада на премиерот Мелони вети дека ќе ја заштити италијанската гастрономија и прехранбените производи од технолошките иновации кои се прогласени за штетни.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...