„Кока - Кола“ го повлече брендот сокови Lilt од пазарот по речиси 50 години.
Од компанијата соопштија дека популарниот сок со вкус на ананас и грејпфрут сега ќе се продава под брендот Fanta и ќе го промени само пакувањето, а притоа ќе го задржи познатиот вкус.
Сакаме да ги увериме лојалните фанови на Lilt дека апсолутно ништо нема да се промени во познатиот вкус на пијалакот што го знаат и го сакаат, рече Мартин Аток, потпретседател за комерцијален развој во „Кока - Кола Еуропацифик партнерс“.
Lilt дебитира во Велика Британија во 1975 година. Преминот во брендот Fanta ќе биде поддржан со кампања на социјалните мрежи, огласување и со други ПР-активности.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.