Свет

Унгарија: 24.000 патки усмртени поради птичји грип

10 Feb 2023

На уште една живинарска фарма во Унгарија се појавил птичји грип.

Националната канцеларија за безбедност на прехранбениот синџир „Небих“го потврди високо патогениот вирус на фарма во областа Хајду - Бихар каде што во декември беа убиени 25.000 мисирки. Подрачјата се одредени за заштита и следење.

Симптомите како што се намалената потрошувачка на храна и вода и производството на јајца предизвикале сомнеж кај популацијата од 23.800 патки на фармата во Хајдубосзормени. Лабораториските резултати го потврдија присуството на подтипот на вирусот H5N1.

Веднаш е започнато уништувањето на животните на фармата. Одредена е заштитна зона со радиус од 3 километри и зона за набљудување со радиус од 10 километри. Случајот покажува континуирано присуство на вирусот во земјата.

Птичјиот грип пустоши и низ Велика Британија - таму угинаа дури половина од мисирките од слободно одгледување, кои требало да се најдат на полиците во продавниците за Божиќ. Според Ричард Грифитс, извршен директор на Британскиот совет за живина, од 1,3 милиони птици кои се одгледуваат, угинале речиси 600.000. Десетици илјади птици угинале годинава од високо заразниот сој H5N1 ширум светот, а во Обединетото Кралство веруваат дека вирусот дошол однадвор преку дивите птици. Првите случаи се појавија во Норфолк, Сафолк и делови од Есекс, поради што Владата воведе задолжителна мерка за чување на птици во затворени простори.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...