Швајцарскиот прехранбен концерн „Нестле“ најави вложување 40 милиони швајцарски франци во отворање на нов производствен погон во западна Украина.
„Нестле“ е една од ретките меѓународни компании кои најавија нови вложувања во Украина по почетокот на руската инвазија во февруари годинава, пренесе „Ројтерс“. Ова е важен потег на „Нестле“, преземен во многу предизвикувачко време за Украина. Целта ни е да воспоставиме прехранбено и кулинарско средиште, осигурувајќи нови работни места и подмирувајќи ги потребите на Украинците и сите европски граѓани со производи со висок квалитет, рече главниот извршен директор на „Нестле“ за пазарот на југоисточна Европа, Алесандро Занели.
Планирано е да се отворат 1.500 нови работни места. „Нестле“ веќе има околу 5.800 вработени во Украина. Новата фабрика е наменета за зголемување на производство на студени сосови, зачини, супи и инстант храна, со кои би се снабдувал домашниот и европскиот пазар.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.