Свет

Нова аквизиција на „Фереро“

20 Dec 2022

„Фереро груп“ и „Велс ентерпрајсис“ објавија договор според кој „Фереро“ ќе го преземе „Велс“. Оваа аквизиција е дел од стратешките амбиции за пораст на компанијата за категоријата сладолед.

„Фереро“ и „Велс“ се семејни компании со долгогодишно искуство во производството на кондиторски производи и сладолед, квалитетни производи и силно портфолио на познати брендови.

„Велс ентерпрајсис“ ќе остане независен бизнис. По затворањето на трансакцијата, Мајк Велс, актуелниот главен извршен директор, ќе биде советник за поддршка на транзицијата. Актуелниот претседател на компанијата, Лиам Килин, ќе биде назначен за извршен директор, а ќе се задржи и постојниот менаџерски тим.

Договорот го продолжува планот за проширување на „Фереро“ во Северна Америка по успешните аквизиции на „Фани Меј“ во 2017, поранешниот американски кондиторски бизнис на „Нестле“ и бизнисот со колачи и овошни закуски на компанијата „Келог“ (2018).

Трансакцијата се очекува да се затвори на почетокот од 2023 година. Условите на трансакцијата се непознати.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...