Во јули годинава стапката на невработеност во еврозоната изнесува 6,6%, што е намалување за 1,1% во споредба со јули минатата година, објави „Евростат“.
Според статистичките податоци, стапката на невработеност во цела ЕУ во јули изнесувала 6%, што е помалку од јули минатата година кога изнесувала 6,9%. „Евростат“ проценува дека 12,9 милиони мажи и жени во ЕУ, од кои 10,9 милиони во еврозоната, биле невработени во јули оваа година. Споредено со јуни 2022 година, бројот на невработени е намален за 113.000 во ЕУ и за 77.000 во еврозоната.
Податоците на „Евростат“ покажуваат дека во јули годинава во ЕУ невработени биле 2,6 милиони луѓе на возраст до 25 години, од кои 2,17 милиони се во еврозоната.
Пред два месеци, стапката на невработеност меѓу младите беше 14% во ЕУ и 14,2% во еврозоната, а во споредба со јули 2021 година, невработеноста кај младите во ЕУ се намали за 329.000, односно за 244.000 ако се погледнат само земјите од ЕУ каде што еврото се користи како валута.
Во јули стапката на невработеност кај жените во ЕУ е 6,4%, а кај мажите 5,7%, додека во еврозоната таа изнесува 7% за жените и 6% за мажите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.