Свет

„Барила“ пласира 100 отсто рециклирачка амбалажа

13 Jul 2022

Италијанската компанија „Барила“ најави дека ќе пласира 100% рециклирачка амбалажа во Европа, откако овој вид пакување успешно го помина тестирањето во Велика Британија. 

Новата амбалажа ќе биде имплементирана во низа производи, вклучувајќи шпагети, лазањи, тортелини, а иницијативата ќе ѝ помогне на „Барила“ да ја намали употребата на пластика за околу 126.000 килограми до крајот на 2022 година.

Ние во „Барила“  веруваме дека како глобален бренд, наша должност е да дадеме пример и да направиме се што можеме за да развиеме поодржливи решенија. Сега, повеќе од кога било, одржливоста е прашање на итност и затоа е составен дел од тоа кои сме ние и сè што правиме обезбедува одржлив синџир на снабдување, од нивата до вилушката, изјави Алберто Костела, маркетинг менаџер за извозни пазари во „Барила“. 

Италијанската компанија направи значителни инвестиции во развојот на својата нова амбалажа без пластика и спроведува мерки за намалување на нејзиното влијание врз животната средина. Како дел од своето мото „Добро за тебе, добро за планетата“, „Барила“ користи картон добиен од одговорно управувани шуми.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...