Свет

„Кока - кола“ лансира пијалак со вкус на лубеница и јагода

05 Jul 2022

„Кока - кола“ го лансира специјалниот вкус на пијалакот Marshmello’s Limited Edition Coca - Cola,  создаден во партнерство со популарниот американскиот продуцент на електронска музика и диџеј Маршмело. Станува збор за газиран пијалак со вкус на лубеница и јагода. 

И овој проект е дел од големиот план за иновации на „Кока - кола“  за „неочекувани мешавини“, кој има за цел да го направи брендот попривлечен за помладите потрошувачи со специфични вкусови кои бараат нешто поразлично од стандардните и вообичаени газирани пијалаци.

Ограниченото издание на пијалакот ќе почне да се продава во САД од 11 јули. Потоа ќе се пробива и во неколку други земји низ светот. Со цел промоција на новиот пијалак, “Кока - кола“ и Маршмело  Coca-Cola ќе реализираат повеќе дигитални активности на различни социјални мрежи и видео - стриминг платформи, а напорите ќе вклучуваат и креација на персонализирана дигитална уметност за фановите, создадена со помош на вештачка интелигенција.

Првично, во февруари беше лансиран Coca - Cola Starlight, чиј вкус беше инспириран од „длабоката вселена“. Потоа, во април, брендот го лансираше пијалакот Coca-Cola Byte со вкус на „компјутерски пиксели“.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...