Свет

„Ахолд Делез“ го објави вториот извештај за човекови права

15 Jun 2022

Напредокот на компанијата и нејзините подружници се во фокусот на вториот извештај за човекови права на „Ахолд Делез“.

Веруваме дека наша одговорност е да ги почитуваме човековите права. Целта ни е да придонесеме за поправедно општество што ги препознава и почитува тие права. Во изминатите две години нашите брендови постигнаа значителен напредок кон целта – тие се движечка сила на нашето работење, а студиите на случаи во овој извештај покажуваат посветеност кон темите како што се диверзитет и инклузија, здравје, одржливост и човечки права, изјави Франс Милер, претседател и извршен директор на „Ахолд Делез“.

Извештајот за човековите права, кој содржи 27 студии на случај, нуди и информации за глобалното управување со човекови права на компанијата, како и за напредокот на инклузивноста и родовата рамноправност во сите сектори.

„Ахолд Делез“ во 2020 година објави преглед на приоритетите за следниот период, меѓу кои се и прашањата за здравјето и безбедноста на вработените, слободата на здружување, женските права итн.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...