Над 3300 работници од 70 британски компании започнаа да работат четири дена во неделата без намалување на платата, учествувајќи во најголемото тестирање за нов модел на работа, пренесува „Гардијан“.
Тестирањето ќе трае шест месеци и претставува соработка помеѓу „4 Day week Global“ и Универзитетот „Кембриџ“, Универзитетот „Оксфорд“ и Колеџот во Бостон.
Истражувачите ќе соработуваат со работодавачите за да го измерат влијанието врз продуктивноста и благосостојбата на работниците, како и влијанието врз околината и родовата еднаквост.
Вајат Ватс, еден од менаџерите во компанија која учествува во тестирањето, истакнал дека состојбата на работното место е подобрена откако работниците се вклучиле во пробниот период. Тој се надева дека зголеменото време за одмор ќе го зголеми нивото на енергија и продуктивност.
Британската власт исто така го поддржала тестирањето на четиридневната работна недела, која подоцна годинава ќе се воведе во Шпанија и Шкотска.
Џулиет Шор, професорка по социологија на Колеџот во Бостон и водечката истражувачка на тестот, смета дека ова е историски момент.
Ќе анализираме како работниците ќе одговорат на дополнителен слободен ден, со фокус кон стресот, прегорувањето, работното и животното задовоство, здравјето, спиењето, користењето на енергија патувањето и други аспекти од животот. Четиридневната работна недела генерално претставува тројна полиса која им помага на работниците на компаниите и на климата, изјави таа.
Според Ед Сигел, главниот менаџер на „Чариту банк“, компанија која учествува во истражувањето, концептот на дваесеттиот век за пет работни денови веќе не функционира и дваесет и првиот век.
Ние веруваме дека четиридневната работна недела со истата заработка и бенефити ќе создаде посреќна работна сила и ќе има позитивен ефект на бизнис продуктивноста и искуството на клиентите, додал тој.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.