„Карфур“ негира дека ги продал своите полски супермаркети на инвестицискиот фонд „Мид Европа партнерс“. Полските медиуми ја пренесоа веста, иако француската групација бележи пораст во Полска.
Неколку полски медиуми во средата наутро објавија дека е постигнат договор за продажба со „Мид Европа партнерс“. Тој инвеститор е и акционер на полската платформа за е-трговија „Алегро“.
Сепак, „Карфур“ ги негира гласините. За RetailDetail, трговецот вели дека не ја продава полската дивизија. Во поглед на работењето, на „Карфур“ воопшто не му оди лошо во Полска. Во првиот квартал од 2022 година, синџирот забележа споредлив пораст на продажбата од 5,5%.
„Карфур“ неодамна го напушти словачкиот пазар, додека француската групација ќе затвори 106 свои продавници во Италија. Во Белгија, трговецот ја загуби својата најголема франшиза поради прекинот со „Местдаг“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.