Свет

„Фереро“ ја прекина работата во фабриката во Белгија

12 Apr 2022

Поради тековните истраги за салмонела што се одвиваат во соработка со властите задолжени за безбедност на храната, „Фереро“ ја прекинува работата во својата фабрика во Арлон, Белгија.

Со стапување во сила веднаш, се прекинува целото производство на Kinder Surprise, Kinder Surprise Maxi, Kinder Mini Eggs и Kinder Schokobons кои беа произведени на локацијата во Белгија. 

„Фереро“ признава дека имало внатрешни неправилности, што создало одложувања во навременото изнаоѓање и споделување на информации. Ова влијаело на брзината и ефективноста на истрагите.

Фабриката ќе биде повторно отворена само откако ќе се добие дозвола од надлежните институции. Само производите на Kinder произведени во Арлон, Белгија, подлежат на ова повлекување.

Фабриката во Арлон годишно произведува околу 7% од вкупните количини на Kinder производите на светско ниво. Ќе бидат имплементирани локални решенија за да им се помогне на потрошувачите при повлекувањето. 

Ова е единствената и правилна одлука што треба да се донесе за да се обезбеди максимално ниво на безбедност на храната и да се елиминира ризикот од понатамошна контаминација. Длабоко жалиме за оваа непријатност. Сакаме искрено да им се извиниме на сите наши потрошувачи и деловни партнери и да им се заблагодариме на надлежните органи за безбедност на храната за нивните корисни упатства. Безбедноста на храната, квалитетот и грижата за потрошувачите се основните вредности на Фереро уште од основањето на компанијата. Овој сериозен случај допира до сржта на она за што се залагаме и ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да ја зачуваме целосната доверба на нашите потрошувачи, соопштија од „Фереро“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...