Годишната стапка на инфлација во еврозоната достигна рекордни пет проценти во декември, пред сѐ поради наглиот раст на цените на храната и енергијата, соопшти Евростат, статистичката агенција на Европската унија.
Ова е највисоката стапка на инфлација во 19 земји од еврозоната од почетокот на водење на евиденција во 1997 година.
Претходниот рекорд беше поставен во ноември, кога растот на малопродажните цени беше 4,9 отсто во однос на истиот месец во 2020 година.
Зголемувањето на цените им создава проблеми на креаторите на политиката на Европската централна банка кои ги одржуваат каматните стапки исклучително ниски со цел да ја стимулираат економијата која се опоравува од пандемијата на коронавирусот.
И покрај брзото ширење на сојот омикрон и последиците по глобалната економија, централните банки надвор од ЕУ ги зголемуваат каматните стапки за да ја спречат зголемената инфлација, или преземаат други чекори во таа насока.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.