Свет

„Амазон“ бара уште 20.000 работници пред празниците

15 окт 2021

Онлајн гигантот „Амазон“ почна со вработување 20.000 сезонски работници во Велика Британија, за успешно да може да одговори на нарачките за претстојните празници и вклучувајќи се така во „битката“ за работна сила на се покомплексниот пазар на работна сила во земјата. 

Компанијата, која има над 55.000 постојано вработени во Велика Британија, соопшти дека сезонската работа ќе биде првенствено во дистрибутивни центри и центри за сортирање и испорака на производи. 

Минималната цена за час работа е најмалку по 10 фунти, а во некои делови на земјата и по 11 фунти за работен час. Работниците кои ќе испорачуваат пакети во слободно време ќе бидат платени меѓу 13 и 15 фунти на час. 

Складиштата во Велика Британија мораат да ги зголемат платите за 30 отсто, откако константниот недостиг на работници го зголеми притисокот врз веќе ослабнатите синџири на снабдување, што би можело да ги забави нарачките за време на празниците. 
 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...