„Фереро груп“ воведува ново, еколошки дизајнирано пакување за својот Ferrero Rocher асортиман, како дел од стратегијата со која сака до 2025 година дури 100 отсто од својата амбалажа да ја направи погодна за рециклирање или компостирање.
Групацијата ќе ја воведува новата амбалажа постепено, почнувајќи од месецов. Планот е прво да се заменат пакувањата за најпродаваните производи - кутиите од 16 i 30 парчиња од познатите Ferrero Rocher.
Новите, еколошки дизајнирани кутии се направени од полипропилен (ПП), што овозможува полесно рециклирање на глобално ниво. Новата амбалажа ќе ја намали и употребата на пластика и влијанието врз околината. На пример, за изработка на нова кутија за пакување од 16 парчиња ќе се користи 40 отсто помалку пластика, а за пакување од 30 парчиња, употребата на пластика за намалува за 38 отсто. Вкупно, во првата година од воведувањето на новата амбалажа за познатиот бренд, „Фереро“ ќе ја намали употребата на пластика за околу 2.000 тони.
Кога компанијата целосно ќе ги имплементира новите пакувања во целото портфолио на Ferrero Rocher, се проценува дека употребата на пластика ќе се намали за приближно 10.000 тони годишно.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.