Свет

„Амазон“ ќе плати школување за 750.000 работници

10 Sep 2021

Повеќе од 750.000 вработени во САД, наскоро ќе имаат можност да добијат бесплатно школување, кое вклучува бесплатни часови и книги.

„Амазон“ објави дека ги проширува придобивките за образование и обуки за сите вработени, почнувајќи од јануари 2022 година. За ова гигантот ќе одвои 1,2 милијарди долари.

Овие поволности можат да ги користат оние кои се вработени во компанијата најмалку 90 дена, и додека посетуваат настава, ќе мора да продолжат да работат со скратено или со полно работно време.

Оваа вест доаѓа, откако и најголемите конкуренти „Таргет“ и „Амазон“ ги објавија програмите за бесплатно школување за своите вработени.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...