Свет

„Bread of Yesterday“ – нова кампања на „Алберт Хеин“

09 Sep 2021

Холандскиот трговски синџир „Алберт Хеин“ прави чекор понатаму во борбата против отпадот од храна. Трговецот ќе ја прошири кампањата „Bread of Yesterday“ (леб од вчера) во сите објекти.

Имено, непродадениот леб од претходниот ден ќе се продава по намалена цена до следниот ден до 10:00 часот. Од мај годинава, „Алберт Хеин“ го практикуваше овој пилот-проект во 40 продавници.

Трговецот неодамна лансираше уште една кампања „Don't waste me bag“ за намалување на отпадот од храна. Купувачите во 12 продавници имаат можност за едно евро да добијат кеса за повеќекратна употреба, наполнета со свежо овошје и зеленчук што и понатаму е вкусно, иако наизглед е оштетено. Во кесите може да има јаболка, кромид, мандарини, тиквички и домати. Доколку оваа акција се покаже успешна, трговецот планира да ја прошири и во другите продавници во малопродажната мрежа.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...