Свет

Колумбија ја скрати работната недела

19 јул 2021

Претседателот на Колумбија, Иван Дјук, потпиша закон со кој постепено се скратува работната недела од 48 на 42 часа, без притоа да се намалат какви било права на работниците.

По потпишувањето на законот, Дјук рече дека Колумбија на тој начин се приклучува кон најдобрата практика на безбедност при работа. 

Законот предвидува обврска на работодавачот постепено да ја скратува работната недела во следните пет години. Две години по стапувањето во сила на законот, работната недела ќе се скрати за еден час неделно, а по три години за уште еден час.

Четири години по стапувањето во сила на законот, работната недела ќе се скрати за уште два часа неделно и ќе изнесува 42 работни часа во неделата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...