Свет

„Шпар“ лансира органска линија храна за бебиња

01 Jul 2021

„Шпар“ - Австрија претстави нова линија органска храна за најмладите, наменета за бебиња на возраст меѓу 5 и 12 месеци. 

Сите состојки кои се користат во производството на новата линија се од органско потекло, не содржат дополнителни шеќери, палмино масло и адитиви. 

Линијата опфаќа широк асортиман производи: од кашички со вкусови на јаболко, круша, јагода до комбинации со морков, компир, говедско и слични. Достапни се и органски интегрален гриз, јачмен и други житарки. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...