Свет

„Карфур“ и Pampers собираат користени пелени

21 јун 2021

Трговскиот синџир „Карфур“ постави специјални канти за собирање на користените бебешки пелени.

Пилот-проектот за собирање на користени пелени во Париз, „Карфур“ го спроведува во соработка со Pampers и со „Терасајкл“. Посебните канти за користени пелени, кои имаат цел да го поттикнат рециклирањето, се поставени пред пет маркети во Париз. Собраниот материјал ќе се рециклира во нови производи. На пример, рециклираната целулоза ќе се користи за мебел, додека пластиката ќе се користи за производство на капачиња за шишиња или канти за пелени.

Ова партнерство е уникатна можност да се покаже дека отпадот може да има и втор живот, се наведува во соопштението, при што се канат родителите да учествуваат во иновативната пилот-програма.

Се проценува дека дневно во Франција се користат 11 милиони пелени, а не постои систем за собирање. Пилот-програмата, која трае до ноември, ќе обезбеди драгоцени лекции за можноста за спроведување сличен проект на пошироко ниво и со повеќе партнери, соопштуваат од „Карфур“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...