Свет

Роботите Ерни и Берт влегоа во магацините на „Амазон“

15 Jun 2021

Вработените во магацините на „Амазон“ наскоро ќе добијат помош во нивната секојдневна работа во пренесување и сортирање на бројни нарачки пред да ги испратат. Но, магацините нема да вработат нови работници, туку – роботи.

Во моментов „Амазон“ тестира два вида роботи во магацините во Сиетл, Бостон и Италија, кои со време треба да ги зафатат своите работни места во другите магацини на компанијата. Роботот Ерни се наоѓа на фиксирано место и не се движи низ магацинот, а неговата задача е да ги подигне кутиите со роботската рака и да ги постави пред работниците. Благодарение на тоа, вработените во магацинот повеќе нема да мора да се наведнуваат или да се искачуваат толку многу и да го оптоваруваат телото за да дофатат предмети и пакувања, со што се намалува можноста за нивна повреда. Другиот робот, Берт, е мобилен и опремен со камери и сензори за да може да се движи низ магацинот. Тој е целосно автономен и програмиран да пренесува пакети меѓу локациите. „Амазон“ веќе размислува за негова поголема верзија, која би превезувала поголеми и потешки пакувања во магацините.

Исто така, „Амазон“ сега развива уште два автономни роботи за превоз на стока – Скутер и Кермит.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...