Свет

„Лидл“ воведува ТНГ-камиони во Малта

12 May 2021

„Лидл“ – Малта ќе користи два камиони на течен природен гас (ТНГ) за транспорт на производите до продажните места, со што трговецот ќе биде првата малопродажна компанија на островот што го усвои еколошки одржливиот пристап кон логистиката.

„Лидл“, кој е присутен на малтешките острови од 2008 година и во моментов има 8 продавници – 7 во Малта и 1 во Гозо, постојано се стреми да промовира одржливост во сите процеси.

Како што соопштуваат од компанијата, горди се што ги имаат првите два камиона на ТНГ на островот и ќе настојуваат да инвестираат во уште неколку вакви комерцијални возила. Се стремиме кон поголема одржливост на нашиот бизнис. Постојано работиме на подобрување на производствените стандарди и истовремено на намалување на влијанието на целиот синџир на снабдување. Затоа сме исклучително горди што овие два нови камиона ги испорачуваат производите и ги снабдуваат нашите продажни места, изјави Џон Мифсуд, менаџер на синџирот на снабдување во „Лидл“ – Малта.

Возилата на природен гас помагаат во зачувување на квалитетот на воздухот и го ублажуваат феноменот на глобалното затоплување. ТНГ-моторите испуштаат за околу 13 проценти пониски емисии на јаглерод диоксид, во споредба со камионите на дизел.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...