Хипермаркетите „Кауфланд“, кои се во сопственост на групацијата „Шварц“, минатата година тројно ја зголемија стапката на пораст на приоритетните пазари Романија и Полска.
Достигнатиот профит беше повеќе од двојно поголем од профитот на кој било друг синџир хипермаркети во регионот.
Трговецот го засили темпото на експанзија во Романија и минатата година отвори 14 нови хипермаркети. Тој е најголемиот трговец во земјата според прометот, со продажба од речиси 2,5 милијарди евра во 2019 година. Со повеќе 15.000 вработени, „Кауфланд“ е еден од најголемите работодавци во Романија.
Во Полска беа отворени 12 нови хипермаркети, вклучувајќи ги и седумте продавници што ги презеде од „Теско“. Освен тоа, „Кауфланд“ ја прошири и е-трговијата од 11 на 17 града во земјата, преку партнерство со „Еверли“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.