Kако одговор на постојаниот подем на категоријата растителни производи, групацијата „Крафт-Хајнц“ лансира вегански мајонез.
Американската компанија на пазарот ќе понуди мајонез без јајца и со масло од авокадо, кој ќе го произведува нејзината компанија-ќерка „Прајмл кичн“. Линијата намази и сосови ќе биде без глутен, без шеќер и ќе биде достапна во три варијанти: оригиналниот вкус, рузмарин со лук и халапењо со лимета.
За почеток, новиот производ ќе биде достапен само во продавниците „Хол фудс“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.