Свет

Италијанските работници во „Амазон“ почнаа целосен штрајк

22 Mar 2021

По прв пат во светот, сите вработени во целиот ланец на производство на компанијата „Амазон“ во Италија стапија во генерален штрајк што ќе трае 24 часа. 

Штрајкувачите апелираат за помош од клиентите и купувачите од кои бараат денеска да не порачуваат или купуваат ништо преку „Амазон“.

Вработените бараат намалување на темпото на работа, наведувајќи дека се третираат како роботи, пишува весникот, пренесувајќи изјава од еден вработен.

Сите вработени штрајкуваат, без оглед дали се работници на „Амазон“ или на компании кои имаат договори со главниот работодавач.

Еден работник, кој пратките ги доставува со камион, вели дека штрајкуваат затоа што повеќе нема да бидат „робови на алгоритмите“.

Алгоритам е математички израз, но се користи за планирање на работата и испораката и не ги зема предвид околностите, како што се застојот во сообраќајот, поради невреме или несреќи.

За алгоритмот, тврди доставувачот, улиците се секогаш чисти, проодни и без пречки пратката да биде доставена во договореното време, а ритамот на работа е таков што се испорачува по еден пакет на секои три минути. Истиот ритам на работа е и во магацините, каде што луѓето работат и навечер и најмногу што успеваат да заработат е 1.200 евра, тврди работникот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...