Свет

„Фереро“ ги претстави сладоледите Raffaello и Ferrero Rocher

11 Mar 2021

Италијанскиот производител „Фереро“ лансира сладоледи Raffaello и Ferrero Rocher на францускиот пазар.

Сладоледот Raffaello е направен по примерот на истоимениот сферичен бренд на слатки, прелиен со парчиња кокос и сечкани бадеми, а внатре има сладолед од кокос. Ferrero Rocher е сладолед од лешник, обложен со темно или со обично чоколадо, исто како и кај чоколадната верзија на десертот.

Како што соопштуваат од компанијата, сладоледите веќе се достапни за купувачите во пакувања од по четири, по цена од 3,89 евра.

Сѐ уште не е познато дали „Фереро“ има намера да ги нуди новите сладоледи во Италија и на другите пазари на кои работи. Ова не е прв обид на групацијата да навлезе во категоријата сладолед. Во 2017 година италијанската компанија во соработка со „Унилевер“ претстави пет сладоледи под брендот Kinder и ги понуди на пазарите во Италија, Франција, Австрија, Германија и во Швајцарија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...