Свет

Евростат: Извозот се намали за 9,2 отсто

01 Mar 2021

Како резултат на пандемијата на коронавирусот, извозот од еврозоната се намали за 9,2% во 2020 година, на 2,131 трилиони евра, објави „Евростат“.

Според податоците на „Евростат“, увозот во еврозоната се намалил за 10,8%, на 1,897 трилиони евра. Трговскиот суфицит во еврозоната минатата година изнесувал 234,5 милијарди евра. 

Извозот од ЕУ се намалил за 9,4%, на 1,931 трилион евра, а падот на увозот изнесувал 11,6%, на 1,714 трилион евра. Од јануари до декември 2020 година трговскиот суфицит во ЕУ изнесувал 217,3 милијарди евра.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...