Свет

„Проктер & Гембл“ со раст на приходите и добивката

21 Jan 2021

Американскиот концерн „Проктер & Гембл“ ги зголеми приходите од продажбата за 8 отсто на 19,7 милијарди долари во последниот квартал до крајот на декември, со што ги надмина очекувањата на аналитичарите.

Нето добивката порасна за 4 отсто во однос на минатата година, на 3,85 милијарди долари во вториот квартал од фискалната година. 

Поради пандемијата, групацијата бележи пораст на продажбата на средства за чистење и за лична хигиена. Потрошувачите повеќе време поминуваат дома, па купуваат повеќе такви производи(особено во САД, каде е најголемиот пазар на компанијата). 

На основа на добрите резултати од 2020 година, подобрени се и прогнозите за работењето во 2021 година. Се очекува раст на приходите од 5-6 проценти и зголемување на добивката од 8-9 проценти. Според очекувањата, групацијата ќе им исплати на акционерите дивиденда од 8 милијарди долари, а исто така ќе откупи сопствени акции во вредност од 7 до 9 милијарди долари. 
 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...