Водечките британски трговски синџири повикаа на итна интервенција за во наредните неколку месеци да се надмине прекинот во снабдувањето со храна на Северна Ирска. Велика Британија веќе не е дел од единствениот пазар и царинската унија на ЕУ, но Северна Ирска остана поврзана и со царинското подрачје на Велика Британија и со пазарот на Унијата.
И покрај тримесечното одлагање на примената на одредени правила, полиците во продавниците во Северна Ирска од почетокот на годинава се празни, бидејќи компаниите имаат проблеми со увозот на храна од Велика Британија.
Групациите како што се „Теско“, „Асда“, „Маркс & Спенсер“, во своето писмо побараа помош од британскиот министер надлежен за „Брегзит“. Тие бараат да се најде долгорочно решение. Сите наши компании и добавувачи вложија значителни средства за да се избегне прекин во снабдувањето, но тоа ќе биде неизбежно ако се усвојат предлозите кои го регулираат транспортот на храна од Велика Британија во Северна Ирска, стои во писмото од трговците.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.