Свет

„Кока-кола“ направи прототип на хартиено шише

26 Oct 2020

„Кока-кола“, во соработка со својот партнер, компанијата „Пабоко“, постигна важен напредок во процесот на изработка на првото шише направено целосно од хартија.

Преку инвестирање во истражување, тестирање на примена на разни технологии и соработка со иновативни партнери, „Кока-кола“ се труди да произведе шише од хартија што може да се рециклира како и секоја друга форма на хартија. Овие напори резултираа во прототип на шише од прва генерација чиј надворешен слој на пакувањето е направен од  хартија, но со затка и внатрешен слој што содржи пластика. Иако за производство на ова шише се користеше 100% рециклирана пластика, која може да се рециклира повторно по употребата, крајната цел и следниот чекор е да се најде решение што не содржи пластика и е целосно направено од хартија.

Како и секое друго пакување на „Кока-кола“, шишето од хартија што ќе биде во рацете на потрошувачите во иднина мора да исполнува високи стандарди за безбедност и квалитет и затоа треба да се подложи на опсежно тестирање за да се провери неговото однесување во фрижидерите, јачината и нивото на заштита на пијалакот содржан во него.

Прототипот на првата генерација шишиња од хартија е важен чекор во остварувањето на целите на сеопфатниот повеќегодишен план „Светот без отпад“. Преку овој план компанијата е посветена да помогне во собирање и рециклирање на исто количество празна амбалажа од пазарот и употреба на пакување што содржи 50 проценти рециклиран материјал до 2030 година за секое шише или може да се продава. Исто така, прави значителни напори да се осигури дека до 2025 година 100% од примарното пакување што го продава на глобално ниво може да се рециклира.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...