Успешно одржан првиот FMCG Summit

13 мај 2015
На првиот FMCG Summit 2015 што се одржа на 12 мај во хотелот „Александар палас" во организација на магазинот InStore, беа присутни над 250 учесници од повеќе од 80 компании. Конференцијата на едно место ги собра врвните претставници од македонскиот FMCG-сектор. 
 
 
На конференцијата се зборуваше за трендовите и иновациите во FMCG-индустријата кај нас – во дистрибуцијата, малопродажбата, производството, за односот меѓу доставувачите и трговците, промоцијата и промотивните активности, како и за неопходноста од познавањето на другата страна на која ѝ се продава – првиот купувач, трговецот или крајниот купувач/потрошувач.
 
Конференцијата ја отвори потпретседателот на „Атлантик група", Среќко Накиќ, а инспиративниот блок го продолжија Глигор Цветанов, сопственик и извршен директор на „Макпрогрес" и Весна Кузмановиќ од ГфК. Блокот беше заокружен со обраќање на генералниот спонзор на настанот, „Мајкрософт".
 
Во вториот блок свои презентации имаа Дино Шкријељ, директорот на логистика во „Кола", кој зборуваше за комплексноста на дистрибутивниот процес и воведувањето контролинг. По него следуваше Трајче Петровски, раководител на секторот комерција во „Тинекс" со темата „Што е добар доставувач за нас" и Даворка Биондиќ Винце, која зборуваше за долгорочноста на трговскиот партнерски однос. 
 
Пред ручекот Владо Рикаловски од „Медиана" зборуваше за карактеристиките на македонскиот потрошувач, а Даница Личанин-Блажеска  од „Рептил" одговори на темата: атрактивни промоции за трговците. Полексена Ристеска, маркетинг-менаџер во „Бимилк" го претстави своето видување за тоа како се стекнува и како се задржува капетанската позиција во млечната индустрија.
 
Во последниот блок присутните можеа да ги слушнат Тихомир Петрески, консултант од „Петрески & партнерс"), кој зборуваше за продажните промоции некогаш и денес и Горан Мирчиќ, трејд-маркетинг менаџер од „Пивара Скопје", со неговата презентација за промотивните активности во ТТ-каналот. 
 
Конференцијата беше заокружена со тркалезна маса на тема „Каде оди FMCG-секторот во Македонија", на која учествуваа Илија Бисинов, управител на „Крашкомерц", Мартин Кочмановски, главен оперативен директор на „Тинекс" и Слободан Кутревски, сопственик и прв извршен директор на „Пекабеско".
 
На конференцијата учествуваа претставници од компаниите: , „Бебел тојс", „Дајнерс клуб интернационал", „dm дрогерие маркт", „ЕОС Матрикс", „Фиат", „Франк" – Македонија, ГфК, „Хттпоол", „Ипсос", „Маквелд", „Мајкрософт", „Нилсен медиа рисрч" – Македонија, „Петрески & партнерс", „ Квенбергер логистик" – Македонија, „Рамстор", „Скрин медиа", „ТНС Брима галуп", „Уника осигурување", АВТ-интернатионал", „Адриа СН", „Алкалоид", „Андрос", „Аронија здрава храна", „Атлантик група", „Атлантик трејд", Бизнис федерација на жени, „Бимилк", „Бионди консалтинг", „Бранс", „Бучен козјак", „Вајомаг", „Витаминка", „Гранап", „Даталаб МК", „Денар дисконт", „Де-Та", „Дуна компјутери", „Евростил трејд", „Европа", „Еуро табак", „Здравје Радово", „Зодра", „Империл тобако ТКС", „Иноспектар", „Инфо биро", „Канал 77", „Кожувчанка", „Кола", „Колевски", „Колид С тим", „Крашкомерц", „Лакталис", „Македонија-експорт", „Макпрогрес", „Медиана", „Мин-Екс", „МИТ Универзитет", „Млекара Јока", „Монтенегро", „Наша ТВ", „Орбико", „Пакомак", „Пекабеско", „Перутнина Птуј", „Пивара Скопје", „Пик ко", „Прилепска пиварница", „Рептил маркети", „Рудине ММ", „Семос", „СП маркет", „Стоби", Стопанска комора на Македонија-Турција, „Тд-Тд", Тим поинт", „Тинекс", „Тотал плус логистик", „Фриком", „Хит 73", „Ценсум", „ЦМБ Балканс" и „Чеза комерц".
 
 

Среќко Накиќ, потпретседател на „Атлантик група": Со оглед на сегашната ситуација во Македонија, времето е идеално за една ваква конференција, како инспирација и поттик за развој на компаниите. Овој регион е познат по настаните исполнети со душа, а тоа го прави овој самит различен. Она што е најважно е да се организираат овие конференции во континуитет.

Полексена Ристеска, маркетинг-менаџер во „Бимилк": Впечатоците од самитот се многу позитивни, не само од организацијата, туку пред сé од она што како содржина им беше понудено на учесниците. Учеството на ваквите настани ни овозможува да добиеме нова свежа перспектива.


 
Дино Шкријељ, директор за логистика во „Кола": Особено сум задоволен што конечно и кај нас се одржува FMCG-самит, затоа што конференциите од овој тип се неопходни и за дистрибутерите и за клиентите да имаат директен контакт, преку размена на искуства во секторот за широка потрошувачка.


 

Владо Рикаловски, проект-менаџер во „Медиана": FMCG-самитот е значаен настан од повеќе аспекти. Овој тип настани се одлична можност да се разменат мислења за состојбите и предизвиците на овој сектор, а тоа е од заемна полза за сите релевантни компании, како и за компаниите кои имаат посреден контакт со секторот – истражувачки и маркетинг-компании, кои добиваат попрецизен увид во карактеристиките, спецификите, состојбите и предизвиците на FMCG-секторот.


 

Тихомир Петрески, консултант во „Петрески & партнерс": Постигнато е висококвалитетно ниво на спроведување и организирање на настанот. Организаторот успеа во многу аспекти да ја доближи Македонија до меѓународните трендови, а на деловните субјекти им даде можност да го согледаат нивото на сопствениот развој. Се надевам дека на следниот самит ќе бидат присутни и претставници од државните институции.